• недела, 29 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мусар: Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Северна Македонија

Мусар: Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Северна Македонија

Љубљана, 16 март 2025 (МИА) – Длабоко сум тажна поради трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на толку многу млади луѓе, напиша на Х претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар.

Таа изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, пријателите и целата заедница погодена од овој катастрофален настан.

- Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Северна Македонија, додаде Мусар. јт/

Остани поврзан