• среда, 05 март 2025

Муртезани: Поддршката на Шведска претставува пошироко стратешко партнерство засновано на заедничка европска перспектива

Муртезани: Поддршката на Шведска претставува пошироко стратешко партнерство засновано на заедничка европска перспектива

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на делегација на амбасадори на Шведска, со кои оддржаа тркалезна маса во контекст на шведската поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Муртезани, како што соопшти Министерството за европски прашања, изрази благодарност за принципиелната поддршка на Шведска за патот на Северна Македонија кон ЕУ и нејзиниот реформски процес.

- Како единствен најголем билатерален донатор меѓу земјите членки на Европската Унија, Шведска имаше клучна улога во обликувањето и зајакнувањето на напорите на нашата земја во однос на трансформацијата. Оваа поддршка беше од суштинско значење не само за олеснување на нашето усогласување со европските стандарди и норми, туку и за зајакнување на темелите на нашите демократски институции, економската отпорност и одржливоста на животната средина, истакна МЕП Муртезани.са/

Фото: Министерство за европски прашања

 

Остани поврзан