• петок, 05 декември 2025

Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај кој падна како покосен (видео)

Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај кој падна како покосен (видео)

Истанбул, 3 април 2025 (МИА) – Жозе Мурињо предизвика уште еден инцидент во турскиот фудбал. Португалецот синоќа по поразот (1:2) на неговиот Фенербахче од Галатасарај во четвртфиналето на  Купот на Турција го фати за нос тренерот на противничката екипа Окан Бурук.

Предводникот на Галатасарај падна на теренот и почна да се грче од болки. По ова започна турканица помеѓу фудбалерите на двата тима.

Галатасарај се пласираше во полуфиналето на Купот на Турција и ќе се соочи со Коњаспор. 

Во другото полуфинале Трабзонспор ќе игра со победникот од мечот Бешикташ – Гезтепе. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан