• сабота, 21 декември 2024

Мурињо кон Гвардиола: Освоив помалку титули, но моите беа освоени чесно

Мурињо кон Гвардиола: Освоив помалку титули, но моите беа освоени чесно

Истанбул, 6 декември 2024 (МИА) - На Жозе Мурињо не му требаше многу време да одговори на зборовите на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој се обиде да го спореди својот гест кон навивачите на Ливерпул со оној што го имаше Португалецот додека седеше на клупата на Манчестер Јунајтед.

Во дерби натпреварот од Премиер лигата, шпанскиот стручњак им покажа шест прсти на навивачите на клубот од „Енфилд“, со што требаше да им даде до знаење дека освоил шест шампионски титули во Англија, по што рече: „Мурињо освои три трофеи, јас шест, но суштината е иста. Навивачите треба да го почитуваат она што сте го направиле и сите успеси што сте ги постигнале. Знам дека порано или подоцна нашите добри резултати и освојување трофеи ќе дојдат до крај, но ќе се памети тоа што го направивме“.

Само ден по оваа изјава возврати актуелниот тренер на турски Фенербахче, кој воопшто не беше пријатен, но во свој стил рече: „Слушам дека Гвардиола ме спомна вчера по натпреварот на неговиот клуб со Ливерпул. Да, тој освои шест титули, јас само три, но моите беа освоени чесно и во духот на фер-плејот. Секогаш му честитав на некој кој не победил и бил подобар. Никогаш не сакав да победам, а потоа да се соочам со обвиненија“.

Оваа сага секако ќе продолжи, бидејќи Пеп Гвардиола нема да молчи на овие обвинувања. дс

Фото: Архива

Остани поврзан