• понеделник, 23 декември 2024

Мурињо донесе уругвајски дефанзивец

Мурињо донесе уругвајски дефанзивец
Рим, 8 август 2021 (МИА) – Уругвајскиот репрезентативец Матиас Виња (23) ќе ја продолжи кариерата во редовите на италијанскиот прволигаш Рома, која во новата сезона ќе ја предводи Португалецот Жозе Мурињо. Виња потпиша договор со Рома до 2026 година, а неговиот досегашен клуб, бразилски Палмеирас ќе добие отштета од 13 милиони евра. Левиот бек во Палмеирас се задржа само една сезона, откако дојде од уругвајскиот прволигаш Национал. Виња има 16 настапи во дресот на Уругвај и ги одигра сите пет натпревари на неодамнешната копа Америка. ег/гт/

Остани поврзан