• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мурињо го напушта Фенербахче и бара 15 милиони евра

Мурињо го напушта Фенербахче и бара 15 милиони евра

Истанбул, 9 јуни 2025 (МИА) - Жозе Мурињо и Фенербахче ќе го објават крајот на соработката во следните неколку дена, објавија турските медиуми.

Ова е епилогот од средбата во Лондон помеѓу познатиот тренер и Али Коч, претседателот на клубот од Истанбул. Мурињо бара 15 милиони евра за раскинување на договорот.

Португалецот ги презеде „жолто-црните“ минатото лето, но тимот под негово водство не освои ниту еден трофеј. Во турското првенство беа втори зад нивниот најголем ривал Галатасарај.

Покрај тоа, Мурињо е во постојан конфликт, како со судиите, така и со службените лица од други клубови, што предизвика гнев кај навивачите и новинарите и го наруши угледот на турскиот фудбал. дс

Фото: Архива

Остани поврзан