Мунир Колашинац реизбран за претседател на БДС
- Мунир Колашинац е повторно назначен за претседател на Бошњачкиот демократски сојуз кој на вчерашната втора седница на Собранието избираше нови партиски органи.

Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Мунир Колашинац е повторно назначен за претседател на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) кој на вчерашната втора седница на Собранието избираше нови партиски органи.
- За заменик на претседателот беше назначен Зеќир Курбардовиќ, за генерален секретар беше избрана Едина Зеќировиќ Фазлагиќ, додека пак за потпретседатели беа назначени Енвер Карталовиќ, Адмир Ујкановиќ и Шеќо Личина, соопштија денеска од БДС.
На седницата на Собранието на БДС избрани се и нов Надзорен и Централен одбор на партијата.
Изборот на нови партиски органибеше заокружен со заеднички ифтар во чест на новото раководство на БДС, информираат од партијата.сх/лв/