• среда, 10 јули 2024

Муксес - нов фудбалски геј-клуб во Мексико

Муксес - нов фудбалски геј-клуб во Мексико
Мексико Сити, 27 октомври 2020 (МИА) - Фудбалскиот тим Муксес од Мексико Сити има за цел промовирање на поголема вклученост на ЛГБТ заедницата, сметајќи на огромната љубов на Мексиканците кон најпопуларниот спорт во Латинска Америка. Муксес е основан пред една година и именуван по домородните трансродови лица кои со векови биле дел од јужномексиканските заедници. Клубот нуди, пред сѐ, простор во спортот за ЛГБТ заедницата, во нацијата од 126 милиони жители. - Во нашата држава има многу предрасуди!, смета 47-годишниот фудбалер Хесус Трехо. Муксес имаат црни дресови и лого со роза и фудбалска топка. Нивни спонзори се „Најки“. Основачот Хереми Олета вели дека клубот планира да создаде и женски фудбалски тим, што би било уште поинклузивно. - Да се ​​игра во ЛГБТ екипа е различно. Никој никого не дискриминира, иако не се сите играчи хомосексуалци, рече 25-годишниот фудбалер Умберто Рамирес. Во Мексико има повеќе фудбалски ЛГБТ клубови. си/гт/

Остани поврзан