• понеделник, 23 декември 2024

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за трет мерен период

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за трет мерен период
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на образовниот додаток за трет мерен период за учебна година 2021/2022 година во која се опфатени вкупно 32 403 корисници на ниво на држава. -Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на февруари во наредната  календарска година, за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули  во тековната календарска година, се вели во соопштението од МТСП. Висината на додатокот за образование за ученици во основно училиште изнесува 737 денари месечно, односно 2.211 денари по мерен период. Висината на додатокот за образование за ученици во средно училиште изнесува 1.053 денари месечно, односно 3.158 денари по мерен период. мд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан