• четврток, 19 декември 2024

МПС: Јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита на овластените службени лица

МПС: Јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита на овластените службени лица
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Македонски полициски синдикат (МПС) оценува дека е повеќе од неопходен процесот на јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита на овластените службени лица, со посебен акцент на кривичните дела и прекршоци сторени против полициските службеници. - Како синдикат сметаме дека поразителни се податоците кои секојдневно пристигнуваат до нас како синдикат, воедно и секојдневно слушаме преку медиумите за нападите врз полициските службеници од страна на граѓаните. Скоро во сите такви случаи, тие се поддржани од Невладиниот сектор, кој пак експресно излегува пред јавноста со нивни пристрасни информации и толкувања, каде постојано наведуваат како по шаблон ...дека се прекршени човековите права, дека се пречекорени овластувањата, со што веќе однапред се осудени полициските службеници, непочитувајќи ја презумцијата на невиност, игнорирајќи ја истрагата итн..., вели меѓу другото во денешното соопштение претседателот на МПС, Марјан Кицев. МПС, стои во соопштението, итно сака да иницира јавна дебата околу ова прашање, на која ќе бидат поканети судии од сите судски инстанци, Јавни обвинители, Народниот правобранител, адвокати, непосредни раководители кои издаваат наредби за постапување од МВР, АР,АНБ и УФП, полициски службеници кои дирекно работат на терен и секојдневно се среќаваат со проблемите, преставници на невладиниот сектор, медиумите. На панел дебатата, најавуваат, ќе бидат поканети и преставници од Советот на Европски Полициски Синдикати, преставници од братските синдикални движења во Шпанија, Италија, Португалија,Кипар, Романија, Германија, Грција, Франција , Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. цр/са/

Остани поврзан