• петок, 22 ноември 2024

МПС апелира пратениците да го изгласаат законот за Агенција за разузнавање

МПС апелира пратениците да го изгласаат законот за Агенција за разузнавање
Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) - Македонскиот полициски синдикат (МПС) денеска преку соопштение ги охрабри пратениците во македонскиот Парламент да дадат поддршка и да покажат зрелост за донесување на Предлог-законот за Агенција за разузнавање. Преку свои делегирани преставници, како што се наведува во соопштението, МПС активно учествувал во изготвувањето на новиот предлог Закон на Агенција за разузнавање во делот на унапредување на правата на вработените, услови за пензионирање, но и во делот на рамноправно изедначување со платите на вработените од сродните државни институции, како што се МВР, АНБ и ОТА. Според Синдикатот, со донесување на Предлог-законот за Агенцијата за разузнување се заокружуваат безбедносните реформи, како предуслов за влез на државата во НАТО и ЕУ, и ќе се исправи долгогодишната неправда кон вработените во Агенцијата за разузнавање, кои конечно ќе можат да ги користат правата и обврските кои се предвидени во предметниот закон.бт/лв/

Остани поврзан