Мојс го одобри трансферот на Вокер во Евертон
- Премиерлигашот Евертон е во преговори за трансфер на дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер.
Ливерпул, 17 јуни 2025 (МИА) – Премиерлигашот Евертон е во преговори за трансфер на дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, трансферот на 35-годишниот Англичанец веќе е одобрен од главниот тренер на Евертон, Дејвид Мојс.
Вокер ја помина втората половина од сезоната 2024/25 во Милан, каде што играше како позајмен фудбалер. Дефанзивецот за тимот од Милано одигра 16 натпревари.
Вокер е член на Манчестер сити од 2017 година. зс/
Фото: ЕПА