• сабота, 13 декември 2025

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка на контроверзниот универзитет?

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка на контроверзниот универзитет?

1 октомври 2025

Бидејќи премиерот Мицкоски дури и на митинзи за промоција на кандидати за градоначалници не пропушта да ја оцрнува Левица за некаква коалиција со ДУИ (со оние кои неговата партија ги амнестира и етаблира), еве некои прашања, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално.

Како градоначалникот од ДУИ, прочуениот Рамиз Мерко отвори приватна градинка во мандатот на владата на Мицкоски?

Дали министерот Фатмир Лимани има издадено дозвола за работа на оваа градинка, или таа работи незаконски - додека оние кои се должни да вршат надзор (Министерство за социјална политика и МОН) молчат?

Градоначалникот во заминување - кој не отвори ниту една градинка во Струга, кој ја затвори една од трите градинки во Струга, кој го продлабочи проблемот со листи за чекање за упис во градинки - токму во мандатот на ДПМНЕ отвора приватна градинка на неговиот контроверзен универзитет, каде се тепаа дури и просветни инспектори. Таканаречен универзитет, за кој и министерката Јаневска изјавуваше дека се констатирани неправилности, но наместо санкционирање - на овој се универзитет отвори приватна градинка, додека Стружани не можат ни да си дозволат упис и во обична градинка (камоли во приватна).

Оттука, се поставува прашањето дали Мицкоски е во коалиција со најкримогените елементи на ДУИ во Струга? 

П.С. Кој со кого се амнестира и кој со кого се пазари изминативе 35 години, на Стружани им е многу јасно.

ПП Левица 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан