• сабота, 23 ноември 2024

Мојсовски организираше прием за светската шампионка Мери Акиевска

Мојсовски организираше прием за светската шампионка Мери Акиевска
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) – Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска оствари средба со македонската и балканската шампионка Мери Акиевска која донесе дури четири златни медали од 75. Светски шампионат во бодибилдинг и фитнес, одржан во шпанскиот град Санта Сузана. За овој огромен успех на македонскиот бодибилдинг и фитнес, Мојсовски упати честитки до Акиевска и вети поддршка и во иднина. - Сонот за освојување на светската сцена за Мери Акиевска веќе е реалност. Оваа девојка од Крива Паланка стана светска јуниорска велнес шампионка, апсолутна шампионка во јуниорска конкуренција, светска сениорска велнес шампионка и апсолутна шампионка во сениорска конкуренција! Ова беше најголемото светско натпреварување до сега, а македонската химна се слушна дури четири пати, истакна Мојсовски. Акиевска искажа огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт за поддршката без која овие успеси не би биле постигнати. На Светското првенство учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1 500 натпреварувачи. Македонката победи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција и во двете категории освои и победи во апсолутна категорија. зс/

Остани поврзан