• сабота, 06 јули 2024

Мотоциклист тешко повреден откако „голф“ удрил во него, возачот побегнал, но брзо е пронајден

Мотоциклист тешко повреден откако „голф“ удрил во него, возачот побегнал, но брзо е пронајден

Скопје, 23 април 2023 (МИА) - Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Кавадарци.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу моторцикл “бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од В.К.(57) од Кавадарци и патничко моторно возило “голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од М.М.(25) од Кавадарци, кое го напуштило местото на настанот, но по преземени мерки било пронајдено од страна на полициски службеници, наведуваат од МВР.

Мотоциклистот по несреќата со тешки телесни повреди е пренесен во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци. вг/

Остани поврзан