• сабота, 21 декември 2024

Москва соопшти дека извршила напад со дрон во украинско пристаниште на Дунав, Киев го потврди нападот

Москва соопшти дека извршила напад со дрон во украинско пристаниште на Дунав, Киев го потврди нападот

Москва, 3 септември 2023 (МИА) - Руската Армија соопшти дека синоќа извршила напад со дрон врз украинското пристаниште Рени, лоцирано на реката Дунав во јужниот дел на Украина, на границата со Романија, пренесоа француските медиуми.

-Синоќа, руските воздухопловни сили извршија групен напад со беспилотни летала врз магацини со гориво што се користи за полнење гориво на воената опрема на украинската армија во пристаништето Рени, регионот Одеса, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека целта на нападот била „постигната“ и сите цели се погодени.

Украина денеска потврди дека руски беспилотни летала погодиле „цивилни индустриски“ локации во регионот на реката Дунав во југозападниот дел на земјата, во близина на Романија.

-Непријателот ја напаѓа цивилната индустриска инфраструктура во реонот на Дунав, објави на Телеграм Канцеларијата на главниот обвинител на Украина.

Од обвинителството додадоа дека за време на нападот две лица се повредени и хоспитализирани. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан