• четврток, 26 март 2026

Москва не ја исклучува можноста Путин и Виткоф да се сретнат оваа недела

Москва не ја исклучува можноста Путин и Виткоф да се сретнат оваа недела

Москва, 4 август 2025 (МИА) - Кремљ не ја исклучува можноста рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, да се сретнат оваа недела, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Секогаш ни е драго да го видиме господинот Виткоф во Москва и да имаме контакти со него“, рече Песков.

Тој истакна дека дијалогот меѓу Москва и Вашингтон продолжува, како и напорите на Соединетите Американски Држави да посредуваат во врска со Украина. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан