• четврток, 26 март 2026

Москва и Техеран потпишаа меморандум за изградба на осум мали нуклеарни електроцентрали во Иран

Москва и Техеран потпишаа меморандум за изградба на осум мали нуклеарни електроцентрали во Иран

Москва, 24 септември 2025 (МИА) – Директорот на руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“, Алексеј Лихачев и директорот на иранската Организација за атомска енергија, Мохамед Еслами денеска во Москва потпишаа меморандум за разбирање за изградба на мали нуклеарни централи во Иран.

Еслами, кој е и вицепремиер, претходно најави дека е планирано да се изградат осум нуклеарни електроцентрали и оти Техеран се стреми до 2040 година да достигне нуклеарен капацитет од 20 гигавати.

Иран се соочува со недостиг на електрична енергија во месеците со најголема побарувачка, а има само една оперативна нуклеарна централа, во јужниот град Бушер, што е изградена е од Русија и има капацитет од околу еден гигават. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан