• петок, 22 ноември 2024

Морисон: Уште 1,4 милијарди долари за санирање на штетите од пожарите

Морисон: Уште 1,4 милијарди долари за санирање на штетите од пожарите
Канбера, 6 јануари 2020 (МИА) - Австралиската Влада денеска соопшти дека е подготвена да плати колку што треба за да им помогне на заедниците да се санираат штетите од смртоносните шумски пожари што ја опустошија земјата. Премиерот Скот Морисон изјави дека Владата ќе издвои дополнителни 1,4 милијарди американски долари за да помогне во закрепнувањето на земјата од пожарите, покрај веќе ветените десетици милиони долари. Морисон предупреди дека пожарите во земјата може да продолжат и во наредните месеци и додаде дека доколку биде потребно ќе се обезбедат повеќе пари. Најмалку 24 лица загинаа, а околу 2.000 домови беа уништени во пожарите што ја зафатија Австралија со денови. Повеќе од 135 пожари се уште горат во Нов Јужен Велс, вклучувајќи и 70 кои не се под контрола. Властите предупредија дека дождот нема да ги изгаси најголемите и најопасните пожари. паг/  

Остани поврзан