• недела, 22 декември 2024

Моралес и Бакари нови ракометари на Вардар

Моралес и Бакари нови ракометари на Вардар
Скопје, 1 јули 2021 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Вардар во новата сезона ќе биде посилен за уште двајца нови интернационалци кои доаѓаат од првенството на Франција. Нови играчи на „црвено-црните“ се левиот и десниот бек, Диало Бакари и Јоел Куни Моралес. Двајцата играчи потпишаа двегодишни договори и треба во Вардар да останат до 30 јуни 2023 година. Дваесет и седумгодишниот Фанцузин Диало во Скопје доаѓа од тимот на Трембле, додека 34-годишниот Кубанец Моралес, мината сезона играше во Данкерк. Вардар1961 ќе го почне подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. По четири дена во Скопје и извршување на потребните медицински прегледи тимот ќе замине за Златибор каде останува до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје и планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германија. зс/

Остани поврзан