• петок, 15 ноември 2024

Моравјецки: Северен тек 2 е само нова алатка на Русија за уценување

Моравјецки: Северен тек 2 е само нова алатка на Русија за уценување
Варшава, 12 февруари 2021 (МИА) - Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска негираше дека изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ може да биде мост меѓу Европа и Русија и компензација за военото страдање, како што неодамна оцени германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер. „Вистина е дека Северен тек 2 е најлошата можна форма на отштета. Неговата изградба нема да затвори никакви историски сметки, само ќе ја подобри состојбата на денешните сметки на учесниците во тој проект. Директно зборувајќи - тоа е инвестиција што и нанесува штета на европската солидарност", напиша Моравјецки на Фејсбук во врска со неодамнешната изјава на германскиот претседател. Полскиот премиер истакна дека мостовите меѓу Европа и Русија не можат да се градат зад грбот на Средна и Источна Европа. „Тоа е закана за безбедноста на Европа и еден од нејзините најголеми соседи, Украина. Изградбата на гасоводот е подарок на Русија уште еден инструмент на уцена“, рече Моравјецки. Тој го поздрави признавањето на германскиот претседател дека последиците од Втората светска војна можат да влијаат и на денешните политички и економски одлуки, но предупреди дека „Полска претрпе фатално уништување и изгуби шест милиони свои граѓани по вина на нацистичка Германија, а никогаш не добила репарации“. паг/    

Остани поврзан