• вторник, 26 ноември 2024

Моравецки: Да се воведат нови даноци за да се зголеми буџетот на ЕУ за борба против коронавирусот

Моравецки: Да се воведат нови даноци за да се зголеми буџетот на ЕУ за борба против коронавирусот
Варшава, 6 април 2020 (МИА) - Полската Влада бара воведување нови даноци во ЕУ со цел да се зголеми буџетот на Унијата потребен за борба против коронавирусот, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравецки. Според Моравецки, кој се обрати пред Долниот дом на Парламентот, ЕУ треба да дејствува смело. - Треба да се вратиме на претходните идеи, рече тој, посочувајќи на данокот на дигитални услуги, финансиски трансакции, данок на јаглерод, данок на големи меѓународни корпорации. Тој истакна дека овие идеи ќе донесат десетици милијарди евра нови средства во буџетот на ЕУ за борба против коронавирусот. Моравецки укажа и на потребата да се стави крај на оф-шор компаниите. паг/  

Остани поврзан