Монфис стана најстариот шампион досега
- Францускиот тенисер Гаел Монфис го освои турнирот во Оукленд и стана најстариот шампион на еден турнир.

Оукленд, 11 јануари 2025 (МИА) - Францускиот тенисер Гаел Монфис го освои турнирот во Оукленд и стана најстариот шампион на еден турнир.
Тој во финалето го совлада Белгиецот Зизу Бергс со 2:0, по сетови 6:4, 6:3.
Ја освои својата 13-та титула во кариерата и на 38-годишна возраст стана најстариот шампион на еден турнир. дс
Фото: Принтскрин