• понеделник, 25 ноември 2024

Моника Зајкова - нов претседател на Либерално-демократската партија

Моника Зајкова - нов претседател на Либерално-демократската партија
Скопје, 20 ноември 2022 (МИА) - Моника Зајкова  е избрана за нов претседател на Либерално-демократската партија на осмиот партиски конгрес на кој таа беше единствен кандидат за лидер. Зајкова, која досега беше потпретседателка на ЛДП и е пратеничка во Собранието, го наследува Горан Милевски кој партијата ја водеше од 2015 година. По изборот од делегатите на конгресот, Зајкова изјави дека Либерално-демократската партија има континуитрт и долго опстојува на политичлката сцена и оти во нејзиниот мандат може да се очекуваат повидливи политики, како и конкретни иницијативи со кои ќе се подобри секојдневното живеење на граѓаните. - Не сакаме популизам и лажни ветувања за работи кои не можат да се имплементираат, туку мали и јасни иницијативи што водат кон конкретни чекори кои ќе значат подобрување на животот и условите во државата, рече Зајкова. Смета дека државата треба да биде фокусирана кон прогресот и, како што рече, „храбро да чекори кон продолжување на преговоите со Европската Унија, да се отвораат и затвораат поглавјата“. -Ни претстојат сериозни реформи, процеси кои ќе бидат можеби долги и сигурно ќе нè чинат многу, но ќе значат подобра, попрогресивна европска држава, подобар животен стандард на сите граѓани, рече новата претседателка на ЛДП. За евентуаален влез на Алијанса за Албанците во Владата, во која и ЛДП е коалициски партнер, Зајкова рече очекува да бидат формално известени за тоа од коалициските партнери и дека „ЛДП е отворена за сите прогресивни сили“. -ЛДП ќе соработува и ќе коалицира само ако тоа е за доброто на државата и граѓаните, додаде новата претседателка на Либерално-демократската партија. Во однос на измените на Уставот, рече дека за ЛДП никогаш не било проблем  Бугарите што живеат во земјава да бидат внесени во Уставот, но заедно со нив и припадниците на еврејската заедница. -Бидејќи како либерали секогаш сме се бореле за човековите права и за правото на самоопределување на секој. За нас не е спорно влезот на Бугарите во Уставот, но ќе предложиме  и влез на еврејската заедница како дел од народ кој учествувал во креирањето на темелите на оваа држава и учествувале во Народноослободителната борба, истакна Зајкова. хс/са/      

Остани поврзан