• петок, 13 јуни 2025

Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Скопје, 18 мај 2025 (МИА) - Дваесет и седумгодишник од ресенскиот регион возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.

- Рано изутрина во 2:18 часот, полициски службеници од ОВР - Ресен го лишија од слобода Д.К. од ресенското село Јанковец. При сообраќајна контрола во село Јанковец, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал, а по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и оти е под дејство на алкохол - односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта, појаснуваат од МВР.

Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот, како што додаваат од МВР, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. бд/вј/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан