• среда, 19 февруари 2025

Момче се качило на цистерна-вагон, доживеало струен удар

Момче се качило на цистерна-вагон, доживеало струен удар

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - На пругата на територија на Кисела Вода денеска момче од Волково кое било качено на цистерна-вагон доживеало струен удар. 

Како што потврди МВР за МИА, цистерната се запалила, а повредениот со возило на Итна помош е пренесен во Ургентен центар.

Се работи за 17-годишник, а немилиот настан се случил во 14.55 часот, велат од Министерството за внатрешни работи. мч/аа/

фото: МИА архива   

Остани поврзан