• сабота, 23 ноември 2024

Молдавискиот Парламент ја одзеде контролата врз разузнавачките служби од претседателката Санду

Молдавискиот Парламент ја одзеде контролата врз разузнавачките служби од претседателката Санду
Кишињев, 3 декември 2020 (МИА) - Молдавиското Собрание денеска усвои закон со кој се одзема контролата над разузнавачките служби од избраната претседателка Маја Санду и се пренесува на Парламентот, јави агенцијата ТАСС. Претходно, Санду одлуката за одземање на нејзината контрола врз Службата за разузнавање и безбедност ја нарече „обид за узурпирање на власта“ и попречување на нејзиното извршување на функцијата како претседател. Илјадници приврзаници на новоизбраната претседателка на Молдавија денеска протестираа против плановите на Парламентот да и ја одземе контролата над разузнавачките служби, само неколку недели пред таа да дојде на власт. Санду, поранешна економистка на Светска банка која заговара поблиски односи со ЕУ, го победи прорускиот претседател Игор Додон на изборите минатиот месец, но во Парламентот сè уште доминираат пратениците на Социјалистичката партија, кои го поддржуваат Додон. Социјалистите тврдат дека контролата врз разузнавачките служби , со оглед на тоа дека Молдавија е парламентарна република, треба да се предаде на Парламентот. Протестите се одржаа пред зградата на Парламентот, додека пратениците водеа жестока дебата за спорните измени на законот. паг/    

Остани поврзан