• недела, 24 ноември 2024

МОК и „Каливита Интернешнл“ договорија стратешко партнерство

МОК и „Каливита Интернешнл“ договорија стратешко партнерство

Скопје, 21 ноември 2023 (МИА) – Договор за стратешко партнерство денеска во Скопје потпишаа Македонскиот олимписки комитет (МОК) и светски реномираната компанија за спортски суплементи „Каливита Интернешнл“.

Стратешкото партнерство предвидува соработка на повеќе полиња, во контекст на тесната соработка на „Каливита“ со спортистите преку суплементите од својот широк спектар на производи.

Главниот мотив и крајна цел на ова партнерство е нашите спортисти да имаат оптимални услови, вклучително и суплементација за постигнување на врвни спортски резултати, соопшти МОК.

Договорот за стратешко партнерство го потпишаа директорот на МОК, Даниел Димевски и Александар Апостолов, претставник на реномираната компанијата „Каливита“. ег/сх/ 

Фото: МОК

Остани поврзан