• сабота, 21 декември 2024

МОК го суспендираше Лукашенко од сите олимписки активности 

МОК го суспендираше Лукашенко од сите олимписки активности 
Париз, 7 декември 2020 (МИА) – Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, кој воедно претседава и со Белорускиот олимписки комитет, е суспендиран од сите олимписки активности, вклучувајќи и учество на Олимписките игри во Токио. Како што соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК), суспендиран е и неговиот син, Виктор Лукашенко, кој е прв потпретседател на Белорускиот олимписки комитет. Одлуката доаѓа по многубројните апели од белоруски спортисти, кои бараа од МОК итно дејствување поради, како што наведуваат, политичка дискриминација и масовни апсења на политички неистомисленици од властите во Минск. Меѓународниот олимписки комитет, исто така, ги замрзна сите уплати на сметката на Белорускиот олимписки комитет, додека своите стипендии наменети за подготовки, белоруските спортисти ќе ги добиваат директно од МОК. ег/паг/

Остани поврзан