• четврток, 14 ноември 2024

Можен нов целосен „локдаун“ во Белгија

Можен нов целосен „локдаун“ во Белгија
Брисел, 20 октомври 2020 (МИА) – Портпаролот задолжен за коронавирусот во белгиската Влада денеска предупреди дека ако продолжи трендот на зголемување на бројот на инфекции, земјата ќе треба повторно целосно да ја затвори активноста како во март и април, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот и виролог, Ив Ван Латем, порача дека ако кривата на инфекции и на хоспитализации не се подобри, ќе мора да се воведат построги мерки, слични на „локадаунот“ од март и април. Белгија се соочува со еден од најлошите втори бранови на Ковид-19 во Европа. Последните бројки на Институтот за јавно здравје покажуваат дека над 2.700 пациенти се моментално хоспитализирани во Белгија поради вирусот, од кои 446 се на интензивна нега. Во последните седум дена кривата продолжила да расте со просек од 266 нови хоспитализации дневно и 32 смртни случаја на ден. тм/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан