• понеделник, 06 мај 2024

Модриќ е подготвен да се пресели во Саудиска Арабија следното лето

Модриќ е подготвен да се пресели во Саудиска Арабија следното лето

Мадрид, 20 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ донесе одлука за својата иднина, пренесува „Sport“. Хрватот одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија каде сака да се пресели во летото 2024 година. 

Триесет и осумгодишниот фудбалер има намера да добие поголема минутажа. Неколку клубови во Саудиска Арабија се подготвени да му понудат договор на ветеранот. 

Трансфермаркт ја проценува вредноста на Модриќ на 10 милиони евра. Сезонава одигра 11 натпревари во Ла Лига без да постигне гол. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан