• петок, 05 јули 2024

Модриќ една деценија во Реал: Сон од кој не сакам да се разбудам

Модриќ една деценија во Реал: Сон од кој не сакам да се разбудам
Мадрид, 27 август 2022 (МИА) – Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ изјави денеска дека одлуката пред една деценија да потпише договор со Реал Мадрид е една од најдобрите што ја донел во неговиот живот. - Потпишувањето за Реал Мадрид ми беше една од најдобрите одлуки во животот. Играњето тука е како сон од кој сè уште не сакам да се разбудам, изјави Модриќ во интервју за шпанскиот весник „Ас“. Искусниот играч за врска, кој наскоро ќе наполни 37 години, одигра 439 натпревари за Реал, а постигна 32 голови и запиша 73 асистенции. Хрватот во Мадрид дојде од Тотенхем, а со Реал освои 21 трофеј, вклучувајќи и пет титули во Лигата на шампиони и три шампионски титули во Шпанија. ег/паг/

Остани поврзан