• четврток, 04 декември 2025

Модриќ би можел да се пресели во Интер Мајами

Модриќ би можел да се пресели во Интер Мајами

Мадрид, 23 мај 2025 (МИА) – Хрватскиот фудбалски ветеран од средниот ред Лука Модриќ би можел да се пресели во Интер Мајами во текот на летото откако ќе го напушти Реал Мадрид, објави „Мундо Депортиво“.

Шпанскиот спортски портал објавува дека 39-годишниот Модриќ ќе потпише договор за една сезона. 

Се забележува дека претходно Лионел Меси, напаѓачот на Интер Мајами, се обратил до раководството на клубот со барање да го покани Модриќ.

Оваа сезона Модриќ одигра 55 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и имаше девет асистенции. Неговата пазарна вредност, според „Трансфермаркт“, е пет милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан