• петок, 05 декември 2025

Моди: Индија претрпе 10 милиони кибер напади по конфликтот во Кашмир

Моди: Индија претрпе 10 милиони кибер напади по конфликтот во Кашмир

Њу Делхи, 6 јуни 2025 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди денеска изјави дека земјата претрпела околу 10 милиони кибер напади од почетокот на конфликтот во Кашмир, во кој загинаа 26 индиски туристи.

Тој побара од сите министерства и владини одделенија да бидат во состојба на готовност и да преземат брзи мерки.

Индија го окарактеризира нападот во Кашмир како терористички и го обвини Пакистан, кој ги негираше обвинувањата.

Двете нуклеарни сили започнаа меѓусебни прекугранични напади, најтешки во последните речиси три децении, пред да се согласат на прекин на огнот на 10 мај. ссм/

фото: архива

Остани поврзан