• четврток, 26 март 2026

Моди изјави дека сака Индија да потпише договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на годинава

Моди изјави дека сака Индија да потпише договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на годинава

Њу Делхи, 28 февруари 2025 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека сака неговата земја да склучи договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на годинава.

„Побаравме од нашите тимови да почнат да работат на склучувањето договор за слободна трговија меѓу двете земји до крајот на оваа година“, нагласи Моди по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Претходно денеска и Фон дер Лајен изрази желба овој договор да биде склучен до крајот на годинава.

ЕУ особено се залага за отворање на индискиот пазар за европски автомобили и алкохол, додека Индија сака полесно да ги продава своите текстилни производи или лековите на европска територија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан