• понеделник, 15 јули 2024

Најмалку девет лица загинаа во нападот во главниот град на Сомалија

Најмалку девет лица загинаа во нападот во главниот град на Сомалија

Могадишу, 15 јули 2024 (МИА) - Бројот на загинатите како резултат на нападот со автомобил-бомба во кафуле во сомалиската престолнина Могадишу е најмалку девет лица, објавија странските агенции, повикувајќи се на извори од безбедносните сили.

Експлозијата се случила покрај кафе-ресторан преполн со луѓе кои на телевизија го следеле финалето на фудбалскиот шампионат Еуро 2024 година.

„Потврдивме дека најмалку девет цивили загинаа, а уште 20 се повредени во експлозијата“, изјави Мохамед Јусуф, претставник на агенцијата за национална безбедност.

„Пет лица загинаа надвор од зградата и на главниот пат, вклучително и возачи на автомобили кои минуваа низ областа, а уште четири лица загинаа во кафулето“, изјави Мохамед Салад, претставник на сомалиската полиција.

Претходните бројки беа за петмина загинати.

„Автомобил-бомба експлодира вечерва пред ресторанот „Топ Кофи“... поставена од терористи“, објави синоќа националната новинска агенција Сона, користејќи термин што го користат властите за радикалната исламистичка група Ал Шабаб.

Избркани од главните градови во 2011-2012 година, групите поврзани со Ал Каеда се бореа против централната влада во Могадишу, но ја задржаа контролата врз големи делови од централниот и јужниот дел на земјата, од каде што започнаа напади. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан