• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МНТ со претставата „Народен пратеник“ вечер гостува во Народно позориште - Сараево

МНТ со претставата „Народен пратеник“ вечер гостува во Народно позориште - Сараево

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Македонскиот народен театар со претставата „Народен пратеник“, едно од најважните дела на Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин, вечер ќе гостува на сцената на Народно позориште - Сараево.

- Во срцето на оваа комедија е семејната драма - амбицијата на таткото Јеврем Прокиќ и адвокатот Ивковиќ, кои истовремено се натпреваруваат за функцијата пратеник. Семејниот конфликт, политичките игри и смешните ситуации ја прават ова претстава незаборавна, соопштија од МНТ.

Во претставата играат Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска, Александар Михајловски (глас снимен), Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халил. дма/лв/

Фото: МНТ

Остани поврзан