• петок, 22 ноември 2024

МНР: Учеството во која било странска војска е кривично дело

МНР: Учеството во која било странска војска е кривично дело

Скопје, 9 март 2022 (МИА) -  Од Министерството за надворешни работи велат дека како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили. 

Министерството за надворешни работи во денешното соопштение ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во која било странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело. 

-Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми, се наведува во соопштението од МНР. дма/ац/

Остани поврзан