• сабота, 04 април 2026

МНР: Побарани се дополнителни гаранции со кои ќе се укаже дека компанијата „Еуроинвест Медиу“ нема конфликт на интерес

МНР: Побарани се дополнителни гаранции со кои ќе се укаже дека компанијата „Еуроинвест Медиу“ нема конфликт на интерес

Скопје, 21 декември 2023

По повод вчерашната реакција на компанијата „ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ“, Министерството за надворешни работи ја информира јавноста дека постапката за избор на најповолен понудувач, на огласот со број 19953/2023, за реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих е во тек.

На огласот има пријавено само една компанија за ДЕЛ-1- Компанијата ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ, с. Зајас додека две понуди има за ДЕЛ-4. 

Иако е завршена евалуацијата на законските и тендерските побарувања на понудите од страна на комисијата за јавни набавки, сепак, поради чувствителноста на јавноста,  по насока на Министерот, а со цел целосна транспарентност, побарани се дополнителни гаранции и потврди со кои ќе се укаже дека компанијата нема конфликт на интерес од било кој тип.

Иако не е законска обврска, ниту пракса, Комисијата за набавки при Министерството за надворешни работи побара и доказ дека компаниите не се донатори на политички партии.

Во рамките на целата постапка, за делот каде што има пријавено повеќе од една компанија, Ќе биде одржана електронска аукција.

По завршување на сите постапки Министерството ќе се води само по словото на законот и нема да дозволи никакви субјективни фактори да влијаат при одлуката за избор.

 

 Министерство за надворешни работи 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан