МНР осветлено во сина боја по повод Светскиот ден на бегалците
- По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, вечерва е осветлено во сина боја.

Скопје, 20 јуни 2023 (МИА) - По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, вечерва е осветлено во сина боја.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук напиша дека тоа е симболичен гест на солидарност со бегалците во целиот свет.
-Бегалците заслужуваат поддршка и солидарност, додава Османи во објавата на Фејсбук. нд/дма/
Фото: МНР