• недела, 22 декември 2024

МНР: Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан

МНР: Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан
Скопје, 6 јануари 2022 (МИА) - Министерството за надворешни работи известува дека согласно остварените комуникации со дел од граѓаните на Република Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен. МНР продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Северна Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за македонските граѓани. Од МНР апелираат до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации. - За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството за надворешни работи. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно. Амбасада на Република Северна Македонија во Нур Султан Телефон: +7771 103 7070 / +7775 257 3322. Молиме да се има во предвид дека има повремени прекини на интернетот во Казахстан. Е-пошта: nursultan@mfa.gov.mk Адреса: Ul. “Tashenov” No3, Nur-Sultan 010000, Republic of Kazakhstan Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија: Дежурен телефон активен 24 часа +389 75 273 732 и е-маил: globalsos@mfa.gov.mk , наведуваат од македонското МНР. са/

Остани поврзан