• сабота, 10 август 2024

МНР на Египет: Нападот врз училиште во Газа „јасен доказ“ дека Израел нема волја да стави крај на конфликтот

МНР на Египет: Нападот врз училиште во Газа „јасен доказ“ дека Израел нема волја да стави крај на конфликтот

 Газа/Каиро, 10 август 2024 (МИА) - Египет остро го осуди израелскиот напад извршен денеска врз засолниште во училиште во градот Газа, во кој загинаа најмалку 100 луѓе, јави ДПА.

Министерството за надворешни работи во Каиро соопшти дека нападот покажува „невидено непочитување на меѓународното право“. Се наведува дека нападот бил „продолжение на злосторствата од големи размери“ во кои биле убиени „огромен број невооружени цивили“.

Министерството истакна дека нападот е во време кога посредниците се обидуваат да постигнат прекин на огнот во Газа, додавајќи дека ова е „јасен доказ“ дека нема волја од израелската страна да се прекине војната во Појасот Газа.

Египет е вклучен во повеќемесечните напори заедно со САД и Катар за да се постигне прекин на огнот меѓу Израел и палестинската екстремистичка група Хамас за да се стави крај на војната во Газа.

Најмалку 100 луѓе загинаа во воздушен напад извршен од израелските сили денескаврз училиште во градот Газа, според медицински и безбедносни извори. Зградата, што се користела како засолниште за раселените лица, била погодена за време на утринската молитва, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас.зш/

Остани поврзан