• недела, 22 декември 2024

Мнозинство од црногорските пратеници постигнаа договор Лекиќ да биде мандатар за нова влада

Мнозинство од црногорските пратеници постигнаа договор Лекиќ да биде мандатар за нова влада
Подгорица, 20 септември 2022 (МИА) - Мнозинство пратеници во црногорското Собрание писмено го информираа претседателот на државата Мило Ѓукановиќ, дека е постигнат политички договор Миодраг Лекиќ да биде мандатар за состав на нова влада, ден по истекувањето на предвидениот рок. Заедно со писмото до Ѓукановиќ се доставени и потписи на 41 од вкупно 81 пратеници во црногорскиот Парламент. - Создадени се услови, согласно Уставот, да му го доверите мандатот за состав на идната влада на господинот Миодраг Лекиќ, се вели во писмото од парламентарното мнозинство до Ѓукановиќ. Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ не го прифати предлогот Миодраг Лекиќ да биде мандатар за состав на новата влада. Тој денеска до Парламентот достави предлогот за скратување на пратеничкиот мандат на актуелниот собраниски состав, што е чекор кон одржување вонредни парламентарни избори. Ѓукановиќ во своето образложение појасни дека не му биле доставени сите потписи на пратениците, дека дел од нив не дошле на закажаните консултации, како и оти не добил впечаток дека има јасно мнозинство што ќе може да формира влада која би понудила решенија за актуелните проблеми во државата на економски, правен, институционален и политички план. аб/сп/

Остани поврзан