• понеделник, 23 декември 2024

Мнозинството граѓани се изјаснија за промена на Уставот на Чиле

Мнозинството граѓани се изјаснија за промена на Уставот на Чиле
Сантијаго, 26 октомври 2020 (МИА) - Државната изборна комисија на Чиле соопшти дека според неофицијалните податоци околу 78 проценти од граѓаните односно 7,3 милиони луѓе се изјасниле за промена на Уставот на вчерашниот референдум. Владејачките конзервативци се согласија со опозицијата на левиот центар да организираат референдум со цел да запрат масовните граѓански протести, кои избија пред една година поради нееднаквите пензиски права и проблемите во образовниот и здравствениот систем на Чиле. Седумдесет и осум проценти од граѓаните се изјаснија на нацрт уставот да работат 155 избрани граѓани наместо телото составено од подеднаков број избрани граѓани и членови на Конгресот. Избраните граѓани ќе работат на нацрт уставот, што треба да биде претставен на граѓаните на Чиле во средината на 2022 година. Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера ја призна победата на привразниците на новиот устав, но предупреди дека тоа е почеток на долг процес. Чиле е една од најразвиените држави во Јужна Америка, чиј Устав е уште од времето на воената хунта на генералот Аугусто Пиноче. ми/

Остани поврзан