• понеделник, 23 декември 2024

ММА: Владата да подготви предлог измена на членот 102 од Законот за медиуми и да го достави до Собранието

ММА: Владата да подготви предлог измена на членот 102 од Законот за медиуми и да го достави до Собранието
Скопје, 21 февруари 2021 (МИА) - Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, земајќи го во предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на светска пандемија, информира дека ја подржува Владата во однос на нивната иницијатива, за измена на членот 102 од актуелниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува какво било користење на буџетски средства за какво било информирање преку приватните радиодифузери. - Земајќи ја во предвид позитивната европска пракса, која дозволува и препорачува емитување на непартиски кампањи од исклучителен јавен интерес, како што се на пример кампањите за заштитните мерки од Ковид-19, во смисол држење дистанца, носење на маски и слично, сметаме дека како европската, така и домашната јавност мора на вистинит, но и навремен начин да биде информирана за теми и прашања од исклучителен јавен интерес кои имаат директен ефект врз македонските граѓани како на пример: антикорупција, борба против дезинформации и лажни вести, интеграција на земјата во ЕУ, борба за чист воздух и друго, се вели во известувањето од ММА. Асоцијацијата на национални терестријални телевизии, се вели во известувањето, бара од Владата да подготви предлог измена на членот 102, кој истиот потоа ќе го достави до Собранието, по што очекуваат законодавниот дом да ја обезбеди посочената измена предложена од Владата. - Бенефитот на ваквите кампањи треба и мора да го почуствуваме сите, независно на етничка, верска или политичка припадност, и најважно, нашите сограѓани заслужуваат да добијат едукација, но и вистинска, а не лажна и при тоа навремена, а не измислена информација за теми и прашања од исклучителен јавен интерес, од кои ние сите ќе имаме лична но и општествена придобивка, стои во известувањето. Од ММА нагласуваат, дека кампањите од искучителен јавен интерес, како што е на пример сегашната активност за имунизација на нашето население, нема никој право ниту пак смее да ги попречува да допрат до што е можен поголем број на наши сограѓани, на ефектен и правовремен начин, за што најдобар канал за пласирање на истите се националните терестријални ТВ канали. аа/лв/

Остани поврзан