• недела, 22 декември 2024

Младите македонски ракометари го стартуваа ЕХФ Шампионатот со реми против Украина

Младите македонски ракометари го стартуваа ЕХФ Шампионатот со реми против Украина
Варна, 7 јули 2022 (МИА) - Машката младинска ракометна репрезентација на Северна Македонија стартуваше со реми од 23:23 на ЕХФ шампионатот за младинци со селекцијата на Украина. Нашата репрезентација успеа во финишот на дуелот да се врати во игра, дури и да поведе, а во последните секунди преку погодокот на Шулески стигна до реми и бод на почетокот од шампионатот. Најдобар стрелец во нашите редови беше Шулески со шест гола, а по пет постигнаа Тодески и Иваноски. Северна Македонија утре ќе се соочи со репрезентацијата на Косово од 18 часот. ар/ац/

Остани поврзан