• сабота, 10 август 2024

Младите кошаркари во борба за петто место на Европското првенство Б-дивизија

Младите кошаркари во борба за петто место на Европското првенство Б-дивизија
Тбилиси, 23 јули 2002 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години денеска се бори за петтото место на Европското првенство Б-дивизија во Тбилиси, Грузија. Младите кошаркари до 20 години од 12:30 часот го играат првиот меч во битката за петтото место. За противник ја имаат репрезентацијата на Летонија. Доколку нашата репрезентација денеска извојува победа, во последниот меч од ова натпреварување ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шведска и Бугарија. ар/вг/

Остани поврзан