• петок, 05 декември 2025

Младинците на Еурофарм Пелистер се пласираа на фајнлфорот во Лигата на шампиони

Младинците на Еурофарм Пелистер се пласираа на фајнлфорот во Лигата на шампиони

 

Букурешт, 18 април 2025 (МИА) – Историски успех остварија вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер во младинска конкуренција, обезбедувајќи пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони.

До пласманот на јунскиот фајналфор младинците на Еурофарм Пелистер дојдоа со победа (37-36) над домаќинот Динамо во Букурешт со која го освоија првото место на квалификацискиот турнир што се одржа во романската престолнина.

По одигрувањето на четвртфиналните групи познати се и противниците на Еурофарм Пелистер во завршната битка за трофејот во младинската Лига на шампиони. Тоа ќе бидат шпанска Барселона, унгарски Веспрем и дански ГОГ Гудме.

Фајнлфорот ќе се одржи во Ланксес Арена во Келн на 14 и 15 јуни. ег

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан