Мишел: Целосна поддршка за иницијативата за уставни амандмани и покрај политичките предизвици
- Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на својот профил на Твитер (X) по вечерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски изрази целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставните амандмани и покрај, како што пишува, многуте политички предизвици.

Блед,28 август 2023 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на својот профил на Твитер (X) по вечерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски изрази целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставните амандмани и покрај, како што пишува, многуте политички предизвици.
Мишел го пофали лидерството и решеноста на Северна Македонија и премиерот Ковачевски да напредува во реформската агенда на ЕУ и да даде конкретни резултати.
Мишел и Ковачевски синоќа имаа билатерална средба по работната вечера организирана во рамки на Бледскиот стратешки форум. ев/