• недела, 22 декември 2024

Мишел: Европскиот совет е должен да го назначи следниот претседател на ЕК до крајот на јуни

Мишел: Европскиот совет е должен да го назначи следниот претседател на ЕК до крајот на јуни

Брисел, 3 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека започнува билатерални консултации со лидерите на земјите од ЕУ, за институцијата да ја исполни својата обврска за одредување на идниот шеф на Европската комисија до крајот на јуни.

Најдобро е да се постигне едногласност или барем широк договор, изјави тој за новинарите во Брисел.

-Имам впечаток дека не сум единствениот што очекува дека нема да биде лесно, истакна Мишел по повод двете средби закажани за крајот на месецот на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ по избори за европратеници. Се согласуваме со целта да има одлука до крајот на јуни, тоа никој не го доведува во прашање, објасни тој.

Кога ЕК е многу политичка, се добива впечаток дека е помалку непристрасна. Непристрасноста мора да биде приоритет. Од непознати причини, а за жал, тоа е грешка, ЕК во последно време презема се помалку казнени процедури, изјави Мишел.

Според него, би било „глупава грешка“ да се размислува за обединување на функциите претседател на ЕК и Европскиот совет.

-Не сум сигурен дека ни треба политичка комисија, туку ни треба геополитичка унија. Добро е што следниот претседател на Европскиот совет беше премиер. Тоа не е законско барање, но дава предност, рече тој.

Мишел не ја исклучи можноста Европскиот совет до крајот на месецот да ја одреди распределбата на позициите во следната комисија. Тој истакна дека договорот за ЕУ ​​предвидува комисијата да има еден потпретседател и дека тој ќе биде одговорен за надворешната политика. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан